а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

легитимација

мн. легитимации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17771
1. Документ со кој се докажува идентитетот на лицето; лична карта.
Англиски: identity card Албански: legjitimacion
Употреба: Административен термин
Примери:
патна легитимација
фалсификувана легитимација
2. Документ со кој се потврдува членство, професија или овластување за нешто на некое лице.
Англиски: license Албански: liçencë
Употреба: Административен термин
Примери:
возачка легитимација
студентска легитимација