лета
летаат; летал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1189
1.
Се движи, патува по воздухот со помош на свои крила, со силата на мотор или на друг начин.
Примери:
Ластовичките летаат на југ.
Авионот лета на недозволена висина.
2.
Се движи со голема брзина, брза, трча.
Примери:
Леташе по улицата кон нивната куќа.
Возот леташе низ рамнината.
Слично со:
јури (несв.)
Изрази
Лета од радост - многу е радосен и сѐ му изгледа убаво.
Му летаат мислите - замислен е за нешто и не следи што се случува во моментот, отсутен е со мислите.
Му лета умот - сѐ уште не е созреан, не е сериозен.
Времето лета - сѐ поминува брзо и неосетно.
Сѐ што лета не се јаде - кога некој ќе се залета за нешто и ќе се излаже: не е сѐ онака како што изгледа на прв поглед.
Кој високо лета, ниско паѓа - тој што се прави многу важен поради нешто, може многу брзо да остане без тоа; не треба да се биде нескромен.
Ќе лета оттука / од работа - ќе го избркаат.
Изведенки
летање ср.
глаг. им.
глаг. им.