а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лизне

лизнат; лизни, лизнете; лизнав, лизнаа; лизнал; лизнат; лизнев, лизнеа; лизнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4445
1. лизга
Англиски: slide Албански: rrëshqas
Примери:
Го лизна девојчето на санка.
2. (се лизне) се лизга
Англиски: slide Албански: rrëshqas
Примери:
Ѝ се лизнаа солзи по лицето.
3. (се лизне) се излаже, се издаде
Англиски: slip Албански: rrëshqas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се лизна и изнакажа сѐ што се случило.
4. (се лизне) Изгуби, доживее загуба.
Англиски: slip Албански: rrëshqas, humbas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Малку фалеше човекот да ни се лизне од раце.
Детето ни се лизна од раце.
5. лиже
Англиски: lick Албански: lëpij
Примери:
Лизна од сладоледот.
6. (се лизне) се лиже
Англиски: lick Албански: lëpihet
Примери:
Се лизна по прстите.
Изведенки
1. лизнува несв.
(се) лизнуваат
2. лизнување ср.
глаг. им.