линее
линеат; линеј, линејте; линеев, линееја; линеел; линеен; линеејќи; линеење; линеав, линеаја; линеал; линеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 24843
1.
Губи свежина, венее (обично за растенија).
Примери:
По полињата житата линееја од големата суша.
Слично со:
венее (св. и несв.)
2.
Губи сила, здравје, физички слабее, премалува, опаѓа.
Примери:
Беше почнал да линее од лоша болест.
3.
Губи влакно, се митари (за животно).
Примери:
Животните најмногу линеат напролет.
Изведенки
линеење ср.
глаг. им.
глаг. им.