а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

личност

мн. личности
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 672
1. Човекот како носител на духовни квалитети и на трајни, доследни манифестни особини со кои се изделува како единка и cе разликува од другите во општествената заедница.
Англиски: person Албански: personalitet
Примери:
Го гледаше како расте, се развива и станува зрела личност.
историска личност
2. Човек со углед; угледна, истакнато лице.
Англиски: personality Албански: personalitet
Примери:
личност од политиката
личности од естрадата
3. Лице, лик, карактер во книжевно дело.
Англиски: person Албански: personazh, protagonist
Употреба: Литература