а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лом

мн. ломови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 11667
1. Насилно разделување на материјалот.
Англиски: crash Албански: përplas
2. Место каде што е нешто растурено, искршено, извалкано.
Англиски: mess Албански: rrëmujë
Примери:
Децата направија лом во собата.
3. Предмети собрани на купче, без ред.
Англиски: disorder Албански: çrregulloj
Примери:
Пред вратата се збира лом.
Лом од предмети, оружје и мрши.
4. Силен и краток звук што се слуша при удар или кршење нешто.
Англиски: crash Албански: përplasje
Примери:
Се слушна некаков лом, нешто големо се скрши.
5. Силна, жестока расправија.
Англиски: brawl Албански: grindem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го направи лом поради неучењето.
6. Место во река каде што водата навлегува длабоко под камен или корење на некое дрво.
Албански: burim
Употреба: Геологија