луга
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 38989
1.
Остаток од изгорено.
Примери:
Во ковачницата мирисаше на усвитено железо попрскано со луга од огништето.
Слично со:
пепел (м.)
2.
Вода варена со пепел, што служи за правење сапун или како замена за сапун.
Англиски:
suds
Албански:
ujë me hi për pastrim
Постелата ја переа на езеро со сапун, луга или жива сода.