лудило
мн. лудила
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2276
1.
Душевна болест изразена со губење на разумот.
Примери:
Напад на лудило.
Кога се јавија знаци на лудило, веднаш го сместија во Одделението за умоболни.
2.
Силна обземеност од некого или од нешто; страст за нешто.
Примери:
Таа го доведува до лудило.
Љубовно лудило.
Лудило по злато.
Изрази
Кравјо лудило - болест кај кравите.