лупи
лупат; лупел; лупен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13995
1.
Одвои, симне кора од плод, од овошје, зеленчук итн.
Примери:
Лупи јаболко.
Лупи компири.
Лупеше црвени јајца.
Слично со:
олупи (св.)
2.
(се лупи) Се симнува, паѓа (за горен слој од нешто).
Примери:
Му се лупи кожата.
Се лупи малтерот од фасадата.
Се лупеше бојата од оградата.
Слично со:
соголи (св.)
3.
(се лупи) За пиле - излегува од лупешката на јајцето.
Англиски:
shell
Албански:
zhvoshk, qëroj
Слично со:
излезе (св.)
Изведенки
лупење ср.
глаг. им.
глаг. им.