лута
лутаат; лутал; лутајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9589
1.
Оди без цел, скита.
Англиски:
wander
Албански:
end, bredh
Лута по улиците на градот.
Лутаа сами во ноќта.
Слично со:
скита (несв.)
2.
За очи, поглед - се пренесува од еден предмет на друг.
Примери:
Погледот му луташе.
Лута со очите.
3.
Нема сигурност во определбата, се колеба, се двоуми.
Примери:
Лекарот луташе додека ја постави точната дијагноза.
Студентот луташе по материјалот додека го најде вистинскиот одговор на прашањето.
Изведенки
лутање ср.
глаг. им.
глаг. им.