магаре
мн. магариња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1464
1.
Домашно товарно животно, слично но помало од коњ, со долги уши.
Дрвата ги носеше магарето.
2.
Тврдоглав, неразбран човек.
Примери:
Магаре едно!
Изрази
Слезе од коњ на магаре - отиде на полошо.
Магарето го викаат па свадба да носи вода - не го почитуваат, не е во ист ранг со останатите.
Не умри магаре до зелена трева - залудно се надева на нешто.
Изведенки
1.
магаренце ср.
мн. магаренца
дем.
Пример: Кусо магаренце секогаш прленце.
мн. магаренца
дем.
Пример: Кусо магаренце секогаш прленце.
2.
магариште ср.
мн. магаришта
аугм.
мн. магаришта
аугм.