а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

материјал

мн. материјали
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1429
1. Тоа од што се гради, произведува.
Англиски: material Албански: material
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
градежен материјал
2. ткаенина, платно
Англиски: cloth Албански: leckë
Примери:
Купи волнен материјал за капут.
3. Податоци, документи за научна и друга работа.
Англиски: material Албански: material
Употреба: Преносно значење
Примери:
историски материјал
речнички материјал
4. Предмети што служат за некоја намена.
Англиски: supply Албански: pajisje
Употреба: Економија
Примери:
канцелариски материјал
санитетски материјал
5. Содржина на некој наставен предмет.
Англиски: subject Албански: subjekt
Употреба: Образование
Примери:
Денес имаме многу материјал за учење.