маша
мн. маши
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9957
1.
Метална направа со два крака што служи за расчепкување жар.
Примери:
Со машата го распрета пепелот.
2.
Човек што е искористуван од друг.
Примери:
Тој е маша на директорот.
Изрази
Кога има маша, не си ги гори прстите - има друг да му ги врши валканите и опасни работи.