машина
мн. машини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 937
1.
Орудие за работа управувано од човек што со движење на определени свои делови, претворајќи ја енергијата од еден вид во друг, врши некаква работа.
Примери:
погонска машина
парна машина
2.
Определен вид такво орудие.
Примери:
машина за пишување
машина за шиење
3.
Општо име за разни видови транспортни средства (локомотива, авион, автомобил).
Примери:
транспортна машина
летечка машина
4.
Тој што работи брзо, без грешка.
Примери:
Не можеме да се споредуваме со него, тој е машина за работа.