мајка
мн. мајки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 72
1.
Жена што родила деца.
Примери:
Таа е мајка на три мали деца.
2.
Жена во одноc на сопствените деца, оние што ги родила.
Примери:
Живеам со маќеа, а мајка ми не ја паметам.
Вид: роднинство (ср.)
3.
свекрва
Англиски:
mother-in-law
Албански:
vjehrra
Мајко ќе речеш, ќерко не вели.
Слично со:
свекрва (ж.)
5.
Женско животно со потомство.
Примери:
Мачката очајнички си го бранеше потомството, мајка пуста!
6.
Женско лице што помага, што штити.
Албански:
ndihmëse
Таа ми е ко мајка, ми помага во сè.
7.
Комиње од коешто се одвојува, се точи вино.
8.
Тоа од што произлегуваат други нешта.
Примери:
Повторувањето е мајка на знаењето.
Слично со:
основа (ж.)
10.
Фирма, претпријатие од кое произлегуваат други фирми - ќерки, формирани со нејзин капитал.
Изрази
Како од мајка роден - гол.
Не се најде никој од мајка роден што ќе го направи тоа – не се нашол таков јунак.
Сега му е мајката - сега е вистинска, единствена можност.
Пијан како мајка - многу пијан.
Изведенки
1.
мајчица ж.
мн. мајчици
хип.
мн. мајчици
хип.
2.
мајчичка ж.
мн. мајчички
хип.
мн. мајчички
хип.
3.
мајче ср.
хип.
Пример: По друм одам мајче.
хип.
Пример: По друм одам мајче.