а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мајстор

мн. мајстори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1150
1. самостоен занаетчија
Англиски: craftsman Германски: Meister Албански: mjeshtër
Примери:
Мајсторот ги учи чираците.
2. врвен уметник
Англиски: master Германски: Meister Албански: mjeshtër
Употреба: Уметност
Примери:
Вчера беше отворена изложба на слики од стари мајстори.
3. Човек што е специјалист за некоја област.
Англиски: master Германски: Meister Албански: mjeshtër, specialist
Примери:
Тој е мајстор за фудбал.
4. Во шахот - висока титула.
Англиски: master Германски: Meister Албански: mjeshtër, padron
Употреба: Спорт
5. Снаодлив човек, итрец.
Англиски: smartie Албански: mjeshtër, dinak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Е, мајстор си за да ја префрлиш работата на друг!
6. градежен работник
Англиски: mason Албански: mjeshtër
Употреба: Разговорно
Примери:
Ангажирав мајстори да ја изѕидаат гаражата.
7. (најчесто во вокатив) Обраќање кон возач на автобус, такси и сл.
Англиски: mister Албански: mjeshtër
Употреба: Разговорно
Примери:
Вози, мајсторе!
Изрази
Го нема мајсторот - не може да се заврши таа работа така како што си ја замислил.
Изведенки
1. мајсторче ср.
мн. мајсторчиња
хип.
2. мајсторски прид.
мајсторскиот
Пример: Мајсторска работа.
3. мајсторски прил.
Пример: Мајсторски изработена работа.