месо
мн. меса
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 720
1.
Мускулно ткиво на човек или животно што ги покрива коските.
2.
Мускулно ткиво од животно што служи како храна.
Примери:
говедско месо
свинско месо
пилешко месо
Спротивно од:
зеленчук (м.)
3.
Мек и сочен дел од плод.
Примери:
Јадеше праски со црвено месо.
4.
Откриен дел од телото што обично е покриен со облеката.
Англиски:
nakedness
Албански:
lakuriqësi
Прибери се, да не ти се гледаат месата.
Слично со:
голотија (ж.)
Изрази
Диво месо - тумор.
Живо месо - отворена рана.
Дебело месо - задник.
Топовско месо - војници што се изложуваат на непријателски оган.
Човекот е од крв и од месо - човекот има и доблести и слабости.