а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

метар

мн. метри
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1932
1. Основна единица за мерење должина еднаква на 100 сантиметри.
Англиски: meter Албански: metër
Употреба: Физика
2. Средство, направа за мерење должина на која се обележани метри, сантиметри и милиметри.
Англиски: measure Албански: metër
3. Ритамска мера во поезијата, стапка.
Англиски: meter Албански: metër
Употреба: Литература
Изрази
Квадратен метар - единица за мерење површина.
Кубен метар - единица за мерење волумен.
Изведенки
метарски прид.
метарскиот
Пример: метарска должина