меѓу
Вид збор: Предлог
Ранг: 225
1.
Во просторот среде две или повеќе лица, предмети и сл.
Англиски:
between
Застана меѓу скараните браќа за да спречи тепачка.
Слично со:
среде (предл.)
2.
Заемни односи што засегаат две или повеќе лица, предмети, поими.
Англиски:
between
Секогаш меѓу нив имало доверба и почит.
3.
Временска определба што разделува два момента.
Англиски:
between
Кај нас и желките постат за вода меѓу двете Богородици.
4.
Бројна граница од - до за приближна бројност.
Англиски:
between
Ќе да има меѓу 25 и 30 години.
5.
Вклученост, положба на нешто во еднородна средина од лица, предмети и појави.
Англиски:
between
Меѓу великаните на македонскиот спорт се најде и еден ракометар.
Тој беше меѓу најбогатите во градот.
6.
споредба
Англиски:
between
Се забележуваат суштински разлики меѓу вчерашниот и денешниот однос на директорот кон соработниците.
Изрази
Меѓу другото - наспоредно, заедно со останатото. Покрај сето.
Меѓу нас кажано - за нешто што не треба да се дознае од друг, што не треба да се шири.
Меѓу чеканот и наковалната - во незавидна положба.
Меѓу четири ѕида - повлечено, изолирано живеење во домот.