а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

момент

мн. моменти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 177
1. Многу краток временски период.
Англиски: moment Албански: moment
Примери:
Застана за момент.
Секој момент треба да пристигне.
2. временски период
Англиски: period Албански: periudhë
Примери:
Тоа беа најважните моменти од развитокот на нашиот писмен јазик.
3. Изделен дел од некој настан или појава.
Англиски: moment Албански: moment
Примери:
Ги изнесе главните моменти од состанокот.
Важни моменти од историјата на нашиот народ.
4. фактор, факт
Англиски: fact Албански: fakt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Економскиот момент беше пресуден.