монархија
мн. монархии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11716
Облик на државно уредување и владеење во кое власта е во рацете на еден човек, монарх (крал, цар, шах, султан и сл.), доживотно, без правна одговорност и (обично) со право на наследност.
Англиски:
monarchy
Вид: држава (ж.)
Изрази
Апсолутна монархија - политички систем на развиениот феудализам во кој монархот ги има cите атрибути на севкупна државна власт.
Уставна монархија - парламентарна монархија во која владетелот владее според устав.