а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

монтажа

мн. монтажи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8686
1. Составување и поставување на машини, уреди, оспособувајќи ги за дејство.
Англиски: assemblage Француски: montage Албански: montazhim
Примери:
Монтажата на машините ќе трае еден месец.
2. Одбирање на различни делови, одломки од уметнички дела и нивно соcтавување во една смисловна целина.
Англиски: editing Албански: redaktim, montim
Примери:
Монтажа на кадрите од филмот.
Монтажата на филмот е при крај.
3. Склоп на произволно одбрани и измислени факти, за да се докаже нешто невистинито, фалсификат, подметнување.
Англиски: allegation Албански: montim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Каква монтажа му направија!