мост
мн. мостови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 594
1.
Градежен објект што сврзува два брега, разделени од река, дол, пропаст и служи како премин.
Примери:
камен мост, дрвен мост
подвижен мост, железнички мост
Слично со:
премин (м.)
2.
Тоа што поврзува, врска.
Примери:
Тој изгради мост меѓу двете култури.
3.
Метална врска меѓу два заба, за која се прицврстуваат вештачки заби.
Изрази
Воздушен мост - воспоставена врска со технички средства преку воздух со населено место или подрачје во кое не може да се стигне по сувоземен или воден пат.
Понтонски мост - мост што се состои од носечки елементи што пливаат на вода, обично за привремена употреба.
Ги сруши сите мостови зад себе - не остави место за повлекување, за враќање на старата состојба.
Изведенки
1.
мовче ср.
мн. мовчиња
дем.
мн. мовчиња
дем.
2.
мосте ср.
мн. мостиња
дем.
мн. мостиња
дем.