мој
Види и:
јас (зам.)
мои
Вид збор: Придавка
Ранг: 30
1.
(зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ми припаѓа мене.
Примери:
Моите деца се понемирни од твоите.
Спротивно од:
твој (прид.)
2.
(зам. прид.) Што ми е познат, близок.
Примери:
мојот учител
мојот пријател
3.
(зам. прид.) Што ми е близок по роднинcка линија.
Примери:
Моите родители се вратија од летување.
4.
(зам. прид.) Што е во некој однос поврзан со мене.
Примери:
мое село
Изрази
Во мое време - кога сум бил млад, активен, на власт, на одредена должност.
Пак дојде на моето - испадна како што ти кажав.