мравјалник
мн. мравјалници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13315
1.
Живеалиште, гнездо на мрави.
Примери:
Го набљудуваше мравјалникот во дворот.
2.
Cите мрави што живеат во тоа живеалиште.
Примери:
Мравјалниците лазеа низ зелените стеблаци на житата.
3.
Место преполно со луѓе.
Примери:
Соборната црква беше мравјалник.
Корзото личеше на распретан мравјалник.
4.
Мноштво луѓе или други живи суштества, собрани на едно меcто.
Примери:
Чекаше да стивне вревата на мравјалникот.
Се смеша и тој во мравјалникот.