мрежа
мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1422
1.
Предмет од вкрстени нишки, конец, жица, обично исплетен на еднакви окца.
Примери:
плете мрежа
2.
Направа од цврст конец која служи за ловење (риби, птици, дивеч, пеперутки).
Примери:
Ѕверот се фати во мрежата.
Мрежа против комарци.
рибарска мрежа
Мрежите се наполнија со најразлични птици.
3.
Преграда која ги разделува двете половини од просторот за играње; завеса на голот што ја задржува топката.
Примери:
Топката ја затресе мрежата.
4.
Замка од нитки на пајажина со чија помош пајакот го лови пленот.
Англиски:
cobweb
Албански:
pëlhurë merimënge
пајакова мрежа
5.
Назив за други разни предмети направени на таков начин.
Примери:
мрежа за спиење
Носеше мрежа со нешто завиткано во неа.
Во рацете носи мрежа со леб.
Ја пресече телената мрежа и влезе во дворот.
Косата ѝ беше собрана во свилена мрежа.
Престана да спие во мрежата.
6.
Систем од патишта, железнички линии, кабелски врски, канали; систем од испреплетени (нацртани или замислени) линии.
Примери:
компјутерска мрежа, безжична мрежа
железничка мрежа, патна мрежа
водоводна мрежа, електрична мрежа
телефонска мрежа
Слично со:
поврзување (ср.)
7.
Организација раширена на определена територија и лицата кои ги опфаќа.
Примери:
Создава мрежа на свои соработници.
Беше организирана мрежа од комитети.
Изрази
Го (ја) фати во мрежа - го (ја) примами, го (ја) потчини, го (ја) вовлече во своите работи.
Изведенки
мрежичка ж.
мн. мрежички
дем. и хип.
мн. мрежички
дем. и хип.