музика
(едн.) музиката
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 510
1.
Уметност изразена преку тонови, тонска уметност.
Примери:
вокална музика
инструментална музика
тивка музика
духовна музика
народна музика
класична музика
Слично со:
свирење (ср.)
2.
Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет.
Примери:
Го запишаа на музика.
Студира музика.
3.
музички оркестар
Примери:
воена музика
Штом си замина музиката, почнаа да си одат и гостите.
Слично со:
оркестар (м.)
4.
мелодија, ноти, партитура
Примери:
музика и текст
5.
(мн. музики) усна хармоника
Примери:
Hа Колета му донеле музика.
Вечер ќе свири на музиката.