мушама
мн. мушами
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 13861
1.
Восочно или гумирано платно (непропустливо).
Примери:
Ја завитка тетратката во мушама.
Парите ги чуваше во парче мушама.
2.
Прекривка за маса од вакво платно.
Англиски:
tablecloth
Албански:
mushamë, mbulesë tavoline
Кујнската маса е покриена со мушама.
3.
Непропустлива наметка од вакво платно.
Англиски:
canvas
Албански:
mushamë, kanavacë
Беше мокар зашто неговата мушама е стара и искината.
Дождот е силен и алиштата ги мокри под мушамите.
Земи ја мушамата моја и претрчај.