а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наврати

навратат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7833
1. Намине, посети, обично на кусо време.
Англиски: drop in Албански: kthej, vizitoj shkurt
Примери:
Утре ќе навратиме кај тебе.
Неколку месеци никој не навратил кај нас.
Наврати во дуќанчето да купи нешто.
2. Насочи, скршне.
Англиски: direct Албански: drejtoj
Примери:
Ја наврати водата кон градината.
Го наврати добитокот накај ливадата.
3. (се наврати) Се искаже за нешто, се осврне.
Англиски: mention Албански: referoj, përmend
Примери:
Пак се навратија на истото прашање.
Изведенки
1. навратува несв.
(се) навратуваат
2. навратување ср.
глаг. им.
3. навраќа несв.
(се) навраќаат
4. навраќање ср.
глаг. им.