а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надвие

надвијат; надвиј, надвијте; надвив, надвија; надвил; (ќе) надвиев, (ќе) надвиеја; (ќе) надвиел; надвиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14915
1. Победи, совлада, надвладее.
Англиски: overcome Албански: ngadhnjej, mposht
Примери:
Не можеше да го надвие чувството на разочарување.
Секогаш помалиот, послабиот сакам да надвие.
Внатрешното движење ги надви надворешните сили.
Копнежот го надви стравот.
2. Се наведне, се надвиcне над некого, над нешто, се најде над нешто што е подолу, пониско.
Англиски: bend Албански: kërrusem, lakoj
Примери:
Се надви над сина си да го заштити.
Птицата се надви над своето чедо.
Дождовни облаци се надвија над ридот.
Изведенки
1. надвива несв.
надвиваат
2. надвивање ср.
глаг. им.