наежави
(се) наежават
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 36066
1.
За коса, влакна на кожата - се крене, се подигне од студ, од страв и сл.
Англиски:
shudder,
shiver
Албански:
rënqeth, tërqeth
Кожата му се наежави.
Сиот се наежави од страв.
Слично со:
накостреши (св.)
2.
Се наостри за борба, за напад.
Примери:
Наежавени стоеја еден спроти друг, закрвавени во очите.
Мачките само се наежавија и се разбегаа.
Наеднаш јурнаа црните, наежавени бикови.
Слично со:
наостри (св.)
Изведенки
1.
наежавува несв.
(се) наежавуваат
(се) наежавуваат
2.
наежавеност ж.