накриви
накриват
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13532
1.
Стави, постави нешто накриво.
Англиски:
tilt
Албански:
shtrembëroj
Ја накриви капата, правејќи се важен.
Накривил калпак над веѓи.
2.
Искриви, навали на некоја страна.
Англиски:
bend
Албански:
lakoj, kthej
Тој само ги накриви усните и ништо не рече.
Ја накриви главата да чуе.
3.
(се накриви) Се искриви, се навали.
Англиски:
incline
Албански:
pjerrem, lakohem
Старата ограда се накривила, готова да падне.
Бродот опасно се накриви.
Изведенки
1.
накривува несв.
(се) накривуваат
(се) накривуваат
2.
накривување ср.
глаг. им.
глаг. им.