накриво
Вид збор: Прилог
Ранг: 11809
1.
Не право, настрането, накосо.
Англиски:
oblique
На ѕидот висеше малку накриво семејна фотографија.
Главата ја држеше накриво.
Слично со:
накосо (прил.)
2.
погрешно, неправилно
Англиски:
false
Што да кажеше, го сфаќаа накриво.
Рамото му зарасте накриво.
Светот е скроен накриво.
Слично со:
погрешно (прил.)
Изрази
Накриво насаден - што има незгоден карактер.