а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накрши

накршат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20059
1. Открши, скрши парче од нешто.
Англиски: break Албански: thej
Примери:
Го накрши лебот.
Одвај ја дочувавме погачата цела да не ја накршат.
2. Искрши доволно или многу нешто.
Англиски: break Албански: thej
Примери:
Накрши прачки и запали оган.
Накрши полна тава јајца.
3. (се накрши) Се скрши малку, се одлушне.
Албански: thej
4. (се накрши) Искрши доволно, се задоволи, се наработи со кршење.
Англиски: break Албански: thej
Примери:
Се накрши ореви.
Изведенки
1. накршува несв.
(се) накршуваат
2. накршување ср.
глаг. им.