намурти
намуртат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7648
1.
Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето.
Англиски:
grimace
Албански:
grimasë, i hidhëruar
Чуварот го намурти лицето и ми рече да чекам.
Седна, ги намурти веѓите и го отвори весникот.
Слично со:
намршти (св.)
2.
(се намурти) Се онерасположи, се налути, се намршти.
Англиски:
grimace
Албански:
grimasë, i hidhëruar
Го погледна, се намурти и презирно се насмевна.
Ми се намурти, зашто го прашав зошто толку задоцни.
Жената му се намурти и му подвикна.
Слично со:
намршти (св.)
3.
(се намурти) За временските услови - стане облачно, мрачно.
Примери:
Небото се намурти, ќе врне.
Изведенки
1.
намуртува несв.
(се) намуртуваат
повт.
(се) намуртуваат
повт.
2.
намуртување ср.
глаг. им.
глаг. им.