а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намурти

намуртат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7648
1. Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето.
Англиски: grimace Албански: grimasë, i hidhëruar
Примери:
Чуварот го намурти лицето и ми рече да чекам.
Седна, ги намурти веѓите и го отвори весникот.
2. (се намурти) Се онерасположи, се налути, се намршти.
Англиски: grimace Албански: grimasë, i hidhëruar
Примери:
Го погледна, се намурти и презирно се насмевна.
Ми се намурти, зашто го прашав зошто толку задоцни.
Жената му се намурти и му подвикна.
3. (се намурти) За временските услови - стане облачно, мрачно.
Англиски: cloud over Албански: vrënësirë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Небото се намурти, ќе врне.
Изведенки
1. намуртува несв.
(се) намуртуваат
повт.
2. намуртување ср.
глаг. им.