а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наопаку

Вид збор: Прилог
Ранг: 3550
1. На обратната страна од обичното, од нормалното.
Англиски: falsely, obverse
Примери:
Ја крена книгата што лежеше наопаку со раздвоени страници.
Ја облекол кошулата наопаку.
Цела зима ја носеше гуњата наопаку да не го фаќала маѓија.
2. одназад
Англиски: backwards
Примери:
Им ги врзаа рацете наопаку.
3. погрешно, лошо
Англиски: wrongly
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги водат работите наопаку.
Од првиот ден му тргна наопаку.
Изрази
Наопаку скроен - за лице со незгоден карактер.
Наопаку скроено - лошо направено, како што не треба.
Наопаку Солун ќе го сврти - сѐ ќе стори да успее.