напои
напојат; напој, напојте; напојав, напојаа, напоив, напоија; напојал, напоил; напојан, напоен; напоев, напоеја; напоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7517
1.
Даде некому да пие.
Примери:
Ги собра децата, ги нахрани и ги напои.
Отиде да го напои добитокот.
2.
За земја, почва - прими вода, влага.
Примери:
Селаните очекуваа господ да ги напои сувите ниви.
Дождот ја напои испуканата земја.
Слично со:
навлажи (св.)
3.
Вдахне, предизвика некакво (позитивно) чувство.
Примери:
Убавата природа му ја напои душата со чистота и ведрина.
5.
(се напои) Се насити со влага.
Примери:
Земјата се напои, набрекна.
6.
(се напои) Се исполни со вдахновеност, со занес.
Примери:
Младите се напоија со идеите на новото време.
Изведенки
1.
напојува несв.
(се) напојуваат
(се) напојуваат
2.
напојување ср.
глаг. им.
глаг. им.