наполни
(се) наполнат; наполнам; наполнил; наполнет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1234
1.
Исполни нешто колку што собира, докрај.
Англиски:
fill
Албански:
mbush përplot
Го наполни шишето и го затвори.
Ја наполни торбата со јадење.
3.
Наврши определен број години, достигне определена возраст (во години).
Англиски:
reach
Албански:
arrij, mbush
Годинава ќе наполни 18 години.
4.
(се наполни) се исполни, стане полн
Примери:
Собата се наполни со луѓе.
Селото се наполни со војска.
Чевлите им се наполнија со вода.
Очите му се наполнија со солзи.
Изрази
Наполни глава (некому) - изврши (лошо) влијание.
(ирон.) Наполни (некоја) дупка - погине.
(разг.) Ги наполни гаќите - многу се исплаши.
Очите ми (ти, му) се наполнија - се нагледа убавини.
Срцето (душата) ми (ти, му) се исполни - почувствува, доживеа радост, задоволство.
Изведенки
1.
наполнува несв.
(се) наполнуваат
(се) наполнуваат
2.
наполнување ср.
глаг. им.
глаг. им.