а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наруши

нарушат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5354
1. Прекине, попречи определена состојба што траела.
Англиски: disturb Албански: prish
Примери:
Ја наруши рамнотежата на силите.
Ја наруши тишината.
Го наруши мирот.
2. Прекрши, престапи определена норма, закон и сл.
Англиски: break Албански: prish, ndërprej
Примери:
Ги наруши правилата за работа.
Го наруши законот.
Го наруши редот.
Ја наруши спогодбата.
Изведенки
1. нарушува несв.
нарушуваат
2. нарушување ср.
глаг. им.