а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насмее

насмеат; насмеј, насмејте; насмеав, насмеаја; насмеал; насмеан; насмеев, насмееја; насмеел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2064
1. Поттикне некого на смеење.
Англиски: laugh
Примери:
Ти можеш и болен човек да насмееш.
Со ништо не можеш да го насмееш.
Сакаше да ја насмее, но не успеваше.
2. (се насмее) Изрази задоволство со смеење.
Англиски: laugh
Примери:
Сите слатко се насмеаја.
Гласно се насмеа.
На таква шега секој ќе се насмее.
3. (се насмее) Се пошегува, се потсмее со некого.
Англиски: joke
Примери:
Се криеше од другите, и беше страв да не и се насмеат.
Ќе му речам, па ако сака нека се насмее со мене.
Изрази
Му (ми, ти, им) се насмеа среќата - добие нешто вредно, успее во нешто.