насмее
насмеат; насмеј, насмејте; насмеав, насмеаја; насмеал; насмеан; насмеев, насмееја; насмеел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2064
1.
Поттикне некого на смеење.
Англиски:
laugh
Ти можеш и болен човек да насмееш.
Со ништо не можеш да го насмееш.
Сакаше да ја насмее, но не успеваше.
2.
(се насмее) Изрази задоволство со смеење.
Англиски:
laugh
Сите слатко се насмеаја.
Гласно се насмеа.
На таква шега секој ќе се насмее.
3.
(се насмее) Се пошегува, се потсмее со некого.
Англиски:
joke
Се криеше од другите, и беше страв да не и се насмеат.
Ќе му речам, па ако сака нека се насмее со мене.
Изрази
Му (ми, ти, им) се насмеа среќата - добие нешто вредно, успее во нешто.