а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насолзи

насолзат; насолзија
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14380
1. Предизвика солзи кај некого.
Англиски: tear Албански: bën të qaj, lotoj
Примери:
Кога му кажа што се случи, длабоко го натажи и го насолзи.
2. (се насолзи) Покаже, пушти солзи.
Англиски: tear Албански: lotoj
Примери:
Од чадот ми се насолзија очите.
Се насолзија на разделбата, зашто знаеја дека тоа е последно видување.
Изведенки
1. насолзува несв.
(се) насолзуваат
2. насолзување ср.
глаг. им.