натовари
натоварат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6066
1.
Товари, стави определен товар.
Примери:
Го натовари магарето дрва.
Натоварија еден камион со храна.
2.
Задолжи, оптовари некого со обемна, тешка, важна работа, грижа.
Примери:
Го натоварија со подготовката на годишното собрание.
3.
(се натовари) Се товари нешто да носи.
Примери:
Се натовари колку што можеше да носи и тргна.
4.
(се натовари) Прими, прифати некоја дополнителна, одговорна работа, задача.
Изведенки
1.
натоварува несв.
(се) натоваруваат
(се) натоваруваат
2.
натоварување ср.
глаг. им.
глаг. им.