а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натрупа

натрупаат; натрупал; натрупан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9062
1. Собере нешто на едно место во големо количество.
Англиски: pile up Албански: grumbullon
Примери:
Сѐ што имаше непотребно, натрупа во дворот за фрлање.
2. Се збогати, дојде до голем имот.
Англиски: pile up Албански: pasurohet
Примери:
Натрупа големо богатство.
Натрупа пари неброени.
3. (се натрупа) Се насобере со трупање нешто (песок, нанос, снег).
Англиски: deposit Албански: mbledh
4. (се натрупа) Се насобере, се намножи нешто за решавање, за работа.
Англиски: pile up Албански: mbledh
Примери:
Се натрупа многу работа.
Се натрупаа многу сметки.
Се натрупаа разни проблеми.
5. (се натрупа) За множество луѓе - се насобере, се настиска во мал простор.
Албански: mblidhen
Примери:
Сите се натрупаа во едно сопче.
Изведенки
1. натрупува несв.
(се) натрупуваат
2. натрупување ср.
глаг. им.