а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

научи

научат; научил; научив, (ќе) научев
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 751
1. Со учење усвои нешто добро, целосно.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Покрај кирилицата, ја научиле и латиницата.
Научи да пишува и да чита уште пред да почне да оди на училиште.
2. Узнае, дознае нешто.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Му беше тешко што не можеше нешто да научи за судбината на другарите.
Кога научи дека мајка му е болна, веднаш се врати в село.
Научивме од селаните дека ноќе оделе некакви луѓе и ги ограбувале.
3. Навикне на нешто.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Ти си научил да се смееш и кога не треба.
Cи научил луѓето да ти се клањаат.
Не можеше да научи да станува рано.
4. Пренесе некакво знаење, оспособи некого за нешто.
Англиски: teach Албански: mësoj
Примери:
Го прибра кај себе и го научи на занаетот.
Ги научи децата да пливаат.
5. (се научи) Усвои некакво знаење, вештина и сл.
Англиски: learn Албански: mosoj
Примери:
Се научи да пишува.
Се научи да плете.
Се научи да плива.
6. (се научи) Добие некаков навик, се навикне на нешто.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Се научи да пуши.
Се научил да лаже.
Се научи да си легнува доцна.
Изведенки
1. научува несв.
(се) научуваат
повт.
2. научување ср.
глаг. им.