а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

начичка

начичкаат; начичкал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22839
1. Набоде, закачи многу чички, боцки.
Албански: rrastë
Примери:
Кога стана, виде дека сиот се начичкал.
2. Стави, намести, насади нешто многу наблизу, густо.
Албански: vë, vendos
Примери:
Во дворот начичкале маси и столови.
Многу cи ги начичкала цвеќињава, нема да ти растат.
3. (се начичка) Се набоде со чички, боцки.
Албански: rras, mbush
4. (се начичка) Се насобере густо, во голем број.
Англиски: overcrowd Албански: grumbullohet
Примери:
Небото се начичкало со безброј ѕвезди.
Под стреата се начичкаа оси и разни мушички.
Немаше каде, сите се начичкаа во една соба.