а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наш

наши
Вид збор: Придавка
Ранг: 62
1. (зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ни припаѓа нам.
Англиски: ours Албански: i yni
Примери:
Нашата куќа.
Оваа кола е наша.
2. (зам. прид.) Што ни е познат, близок.
Англиски: our Албански: i jonë
Примери:
Нашиот пријател.
Нашиот учител.
Нашите раководители.
3. (зам. прид.) Што ни е близок по роднинска врска, што е од нашиот крај, од нашата земја.
Англиски: relative Албански: i afërm
Примери:
Тој е наш.
Си отидоа нашите.
4. (зам. прид.) Што има некаква директна врска со нас, што ни служи.
Англиски: our Албански: i yni
Примери:
Нашиот автобус.
Нашето училиште.
Нашата амбуланта.
5. (зам. прид.) Што е предмет на нашиот разговор, расправа.
Англиски: our Албански: i yni
Примери:
Нашиот јунак тогаш добро се замислил.
Нашиот проблем не е во тоа.
Изрази
На наше време - кога бевме млади.