наш
наши
Вид збор: Придавка
Ранг: 62
1.
(зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ни припаѓа нам.
Примери:
Нашата куќа.
Оваа кола е наша.
Спротивно од:
ваш (прид.)
2.
(зам. прид.) Што ни е познат, близок.
Примери:
Нашиот пријател.
Нашиот учител.
Нашите раководители.
3.
(зам. прид.) Што ни е близок по роднинска врска, што е од нашиот крај, од нашата земја.
Примери:
Тој е наш.
Си отидоа нашите.
4.
(зам. прид.) Што има некаква директна врска со нас, што ни служи.
Примери:
Нашиот автобус.
Нашето училиште.
Нашата амбуланта.
5.
(зам. прид.) Што е предмет на нашиот разговор, расправа.
Примери:
Нашиот јунак тогаш добро се замислил.
Нашиот проблем не е во тоа.
Изрази
На наше време - кога бевме млади.