а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

најаде

најадат; најади, најадете; најадов, најадоа; најал; (ќе) најадев, (ќе) најадеа; (ќе) најадел; најаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5571
1. Нахрани некого, даде некому доволно да јаде.
Англиски: saturate Албански: haj, ushqehem, ngopem
Примери:
Ги најаде децата и ги испрати на училиште.
2. Нагризе малку.
Англиски: nibble Албански: brej, nduk
Примери:
Само го најаде јаболкото и го фрли.
Лебот беше најаден од нешто.
3. (се најаде) Се нахрани, изеде доволно, до ситост.
Англиски: saturate Албански: ngopem
Примери:
Денеска добро се најадовме.
Не ми се јаде повеќе, се најадов.
Изведенки
1. најадува несв.
(се) најадуваат
2. најадување ср.
глаг. им.